1) За вашите лични предмети клубот не сноси одговорност

2) Секоја материјална штета во студиото ќе биде на товар на родителот

3) Доколку вашето дете има било какви здраствени проблеми треба да се консултирате со стручни лица од медицината за да добиете дозвола или мислење дали може да учестуваат на ваква активност. Нашите волонтери не можат да дадат мислење на таа тема.

4) Како и секој танцов клуб во Македонија, а најверојатно и секој клуб на планетата, родителите не можат да учествуваат и присуствуваат на часот. Не правиме исклучок по ниту еден основ. Сите родители се еднакви во нашиот клуб.

5) Го задржуваме правото да ја прекинеме членарината каде некое дете ги малтретира (психички, или физички) другите деца. Истото важи за родители кои го малтретираат персоналот. Ќе бидете замолени да побарате нов клуб и да не се враќате.