Бесплатниот вовед е дизајниран за луѓе кои никогаш во животот не пробале да играат. Се учи само апсолутна основа на танцот (како се прават чекори, како се фаќа ритам итн)

- На воведот се централни два танци, а тоа се салса и бачата бидејќи тие се најбарани во моментот.

- Но бидејќи сметаме дека е апсолутна луда и екстремно нелогична идеја да знаеш само 1-2 танци, на воведот ги учиме и танците меренге и хасл. Подетално објаснување зашто учењето на само 1-2 танци е лоша идеја можеш да видиш тука.

- Првиот танц (меренге) го има на латино забави каде што често одат меренге песни. Во тоа време салсерите (оние што знаат само 1-2 танци) мораат да стојат и гледаат бидејќи не знаат меренге. Воедно како танц меренгето е основа на сите други латино танци и одлична тајна да станеш подобар во латино танците генерално.

- Другиот екстра танц (хасл) е танц што се игра на популарна музика, радио хитови, клупска музика итн. Сите што одат на танц подолго од 1-2 месеци се заљубуваат во овој танц. Луѓето се запишуваат да научат салса и бачата, но откако ќе откријат дека можат да играт на нивните омилени песни, обично тоа им станува поинтересно кога се организираме и одиме на забави по танц на кои се пушта и популарна музика (не само латино).

- На редовните курсеви е слично. Бидејќи салса и бачата се најбараните танци, најголем дел од времето оди на учење и вежбање салса и бачата. Но бидејќи учењето само 2 танци е екстремно лоша идеја, дел од часовите оди на запознавање и со другите танци. 

Како што напредуваме, со секој нареден степен учиме се повеќе други танци, и салса и бачата веќе имаат помал процент. Ова е и зашто самите луѓе сфаќаат дека салса и бачата се премногу лесни танци, и со тек на време им здосадува од едно те исто, па бараат повеќе вистински танци. Повеќе информации за тоа има тука.