Ваква опција не постои никаде во танцот (ниту во Македонија, ниту во светот). Има повеќе причини зашто е така.

1) Децата секогаш се срамат да играат ако има туѓ родител во просторија што стои од страна да ги гледа. Голем дел од децата одбиваат да играат. Голем број деца се срамат и од својот сопствен родител.

2) Физички е невозможно да во просторијата бидат присутни сите родители и сите деца. Ако е тоа група од 20 деца, и учествуваат сите 20 родители, тоа би била неподнослива гужва, и секако е невозможно да се одржи часот.

3) Сите родители се еднакви. Ако некој родител смее да присуствува, ќе се налутат другите родители, и тоа со право. Затоа и е логично - или ќе присуствуваат сите родители, или ниту-еден.

Последнава точка се однесува на родители кои бараат специјални привилегии со оправданија од типот "ама ја сум дипломиран педагог", "ама ја бев танчарка како мала", "ама само за прво доаѓање". Не е битна причината. Сите родители сакаат. Ако дозволиме на еден, ќе мораме на сите, а тоа е физички невозможно.

Сепак, има опција да влезете во просторијата и да ги гледате децата како играат

Сето ова погоре се однесува на учество на самиот час (додека се предава). Тоа никој не го дозволува во ниту една школа. Но, бидејќи сите родители сакаат да ја искусат салата и да ги гледаат своите деца како играат - имаме демонстрации кои се одржуваат на крај од часот. Тогаш влегуваат сите родители во салата, а децата ќе одиграат нешто од ученото за своите родители.

Само имајте предвид дека е непрактично да има демонстрации после секој час. Зависно од тоа кога ќе дојдете, може да се случи да дојдете на ден кога нема демонстрација. Ако ве интересира, можете да се консултирате со персоналот и тие ќе ве информираат ако следи демонстрација на некои од наредните часови.