Работиме според меѓународната методологија за работа со деца. Според таа методологија малите деца треба да ги учат сите танцови стилови бидејќи сеуште не знаат во што ќе се пронајдат. Според оптималната методологија за работа со деца, тие треба да имаат основни познавања од сите стилови на танц, а после неколку години можат да одлучат ако сакаат да се специјализираат во еден одреден стил.
Директорот на танцовата програма е трениран балетан (и модерен и класичен) со огромни успеси како натпреварувач и тренер во полето на стандардните и латино танци. Како професионалец има основни познавања и има работено со сите стилови на танц (како кореограф или настапувач).
Тој ја креира програмата што предаваат инструкторките на еден даден час зависно од групата, што им треба на децата во тој момент, итн.
Соодветно на тоа програмата има дел на балетски вежби и класични форми, но и интересни танци што се играат на популарна музика за да им биде интересно на децата. За одредени специјализирани стилови каниме и гости инструктори што ги предаваат тие стилови на децата.