1) За вашите лични предмети клубот не сноси одговорност

2) Секоја материјална штета во студиото ќе биде на товар на посетителот

3) Инструкторите го задржуваат правото да побараат да одредена личност го напушти студиото доколку започне конфронтација со било кого во студиото.

  • Тоа вклучува критики и замерки за начинот на работа или било каква замерка, примедба или критика од било кој тип за било што.
  • Конфронтации од типот "Зашто вака, а зашто не онака" исто спаѓаат под замерки кои не проаѓаат добро кај нашите волонтери

4) Имајте предвид дека сме мало здружение на танчери формирано со цел промоција на танцот. 

- Да нема забуна. Познати сме затоа што имаме познати танчери и инструктори, не затоа што сме некакво "фирмиште" или “бизнис”.

  • Пробајте да ги приспособите очекувањата соодветно на тоа. Несоодветни примедби и споредби со мулти-милионски бизниси не проаѓаат добро.

- Нашиот тим е составен од успешни танчери кои го работат овој проект од љубов и желба да го промовираат танцот во Македонија.

  • Најголемиот дел од нив се волонтери и не заработуваат ни денар од обврските во студиото. 
  • Ако земате бесплатна услуга, инструкторот истата ја спонзорира од свој џеб. Препорачливо е да ги третирате како некој што ви дава подарок, бидејќи го прават токму тоа.

5) Поради протоколите кои важат моментално, ние сме обврзани да водиме евиденција за посетителите. 

  • Тоа значи дека не можете да донесете пријател или партнер ако не се прво регистрирани и пријавени за тој одреден термин. 
  • Не почнувајте караници со инструкторите ако не ви дозволуваат да внесете "другарката", "мажот" или кој и да е. Тие не можат да пуштат ненајавени и нерегистрирани луѓе.

6) Поради моменталните протоколи сме обврзани да осигураме дека нема "мешање меѓу различните групи на посетители" како и дека има пауза меѓу посетите. 

  • Тоа значи дека треба да почекате надвор од студиото додека не ве поканат да влезете внатре.
  • Доколку има само еден инструктор во студиото кога земате час, тој или таа мора да го затвори влезот за да осигура дека нема да влета следниот (или дури случаен) посетител без покана. Немаме вратар, не сме банка, ниту пак хотел.