Повеќето луѓе го обожаваат нашиот курс за возрасни со кој ќе научиш да играш убаво на секој тип музика... Но сепак мал дел луѓе не прашуваат "А немате ли курс што е само за тој и тој танц, нејќам да учам други танци" Најчесто прашањето е за танци што се во мода како салса и бачата, а понекогаш за танци кои изгледаат различно како на пример swing или lindy hop...

Одговорот е:

- Немаме курс што е само за 1-2 танци, тоа е екстремно лоша идеја

- Да, имаме специјализирани часови што се посветени на одреден танц, но тие часови се додаток на главниот курс со мешана програма

Таквите изолирани курсеви се многу добра идеја за оној што сака да направи повеќе профит, но се многу лоши за рекреативецот и му прават штета. Затоа и одбиваме да правиме такви курсеви. Целта ни е да ти помогнеме да ја постигнеш својата цел, а не да "максимизираме профит" со продавање нешто што ќе ти одмогне.

Зашто се тие изолирани курсеви штетни? Што е проблемот?

Во танцот постои една тајна која ја знаат само професионалците и најискусните танчери. Најголемиот дел од нив ја кријат оваа тајна од јавноста. Ова е најчесто во обид да продадат повеќе курсеви или за да ја скријат вистинската причина зашто играат подобро од другите.

Во танцот често постојат трендови. Денес е во мода еден танц, утре ќе биде во мода друг танц

Кога се во мода некои танци, се појавуваат курсеви кои се рекламираат како "специјално посветени" само на тие танци. Но, курсеви кај што се учат само 1 или 2-3 танци се екстремно лоша идеја. Луѓе што се ограничуваат вака секогаш ќе играат многу полошо и ќе им треба многу повеќе време да научат правилна основа.

Ако отидеш на забава некаде и гледаш некоја особа што изгледа атрактивно кога игра некој танц, запамти ги овие 3 работи:

1) Многу е полесно да изгледаш импресивно во полесни и едноставни танци (на пример во салса и бачата)... Но дури и тогаш, тоа е можно само ако имаш правилна основа од класични танци.

2) Луѓето што ги гледаш и ти изгледаат импресивно речиси сигурно играат со години (не месеци)

3) Во 100% од тие случаеви, таа личност има искуство со други танци, односно има правилна основа од мешана програма или класични танци.

Ако ја прашаш таквата личност како научи да игра... може да те излаже дека го игра само овој танц. Ама тоа не е целата вистина. Затоа што речиси сигурно има претходно учено класични танци како танго или балет, или пак има одено на мешана програма со години, пред да се специјализира во само 1 (или 2-3 танци). Ако ги прашаш подиректно "ама дали имаш играно нешто порано пред да се специјализираш?", дури тогаш ќе ти признаат.

Во најмала рака има тренирано нешто друго со години и години претходно, на пример оро, свирење експеримент, некоја боречка вештина или некој спорт. А тоа прави голема разлика. Тие луѓе секогаш ќе бидат подобри од некој што решил да учи само 1 (или 2-3) популарни танци, а нема никаква претходна основа со танц или било што слично.

Ако се распрашаш подетално ќе дознаеш дека тој што се истакнува и изгледа поатрактивно, претходно подолго време има учено други работи... ...и затоа сега привлекува внимание во играњето. Или ги има учено сите други танци во пар... или има играно нешто како балет, оро, хипхоп или стомачен танц со години... Во некои случаеви пак тренирале слични активности, на пример се државен првак во некоја боречка вештина. Сето ова го правел/а со години пред да се реши да "специјализира" во тие 2-3 танци кои што ги игра сега по забави.

Никогаш не сме виделе исклучок на тоа правило во искуство со илјадници луѓе од сите нивоа. Нема никогаш да видиш импресивна танчерка или танчер што почнал/а од нула и ги има учено само танците што се во мода. Луѓе што се ограничуваат вака нема никогаш да играат особено добро... 

Плус за повеќето нормални луѓе, човек што вели дека знае да танцува... но не може ни да мрдне со прстето на 99% од музиката што постои на светов... таков човек е малку чуден... А кога ќе се смени модата и неговите танци станат демоде, ќе стане уште почуден. Нема ништо потажно од човек што го игра истиот танц на сите типови музика. Не одговара и изгледа "очајно".

Чудно, но вистинито... ако учиш повеќе танци... побрзо ќе научиш да играш убаво и правилно

Ако ги научиш сите танци што се играат во пар, ќе сфатиш дека 95% од движењата што ги учиш се заеднички за сите вакви танци. Во реалноста има едвај 5% мали ситници што прават да изгледа танцот различно и да се игра на различна музика.

Во случајов кога збориме за "танц", мислиме на танцување во пар. Ако се споредуваат комплетно различни типови на танц, на пример оро со балет со хипхоп со латино танци... тогаш разликата е веќе поголема. 

Но кога збориме за танците што се играат во пар (а особено латино танците) можеме да речеме дека сите тие се во основа истиот танц, само повеќе начини да се игра истото, односно различни стилови на истиот танц.

Не само побрзо, не само поубаво, туку и поинтересно

Да бидеме малце директни и искрени за момент... За да научиш да играш некое движење или чекор убаво и правилно... треба да го повториш многу многу многу пати додека те гледа инструктор дали го правиш правилно. Нема друг начин.

Кога одиш на курс каде се играат само 1 или 2 танци, школата има 2 опции:

    1) Или ќе те тераат едно те исто движење да го повторуваш милијарда пати на една те иста музика

Вака ќе го играш движењето поубаво и правилно... но часовите ќе ти бидат екстремно досадни и мачни. Ќе знаеш како да играш само на 1-2 типови музика и само ќе седиш од страна и ќе гледаш кога и да се пушти друг тип на музика.

    2) Или пак за да не ти здосади постојано ќе ти предаваат нови и различни движења

Нема да чекаат да го совладаш движењето или чекорот и ќе прифатат дека го играш несмасно... Не им гајле, ги интересира само профитот што се добива од рекламирање ограничен курс за танци во мода. А, за да не ти здосади, ќе ти трупаат постојано нови движења и чекори... 

Повеќето школи ја бираат вторава опција. Не им е гајле на што личиш, и дали го играш правилно, ги интересира само профитот...

Ако одиш на некој од овие специјализираните курсеви каде само се трупаат еден куп чекори за да ти биде интересно... си правиш штета на себеси. Ако имаш дури и малку осет за естетика ќе приметиш дека на ништо не ти личи играњетo. А ако ти не приметуваш, верувај дека другите луѓе ќе приметат дека играш многу работи, но очигледно све ти е натрупано и несовладано. 

Исто така, повеќето луѓе и сите твои пријатели ќе приметат дека не знаеш ни едно единствено движење да направиш на повеќето типови музика и дека стоиш на страна и не правиш ништо на повеќето нормални забави и прилики за играње. 

Па така ќе можеш да играш само на тие неколку специјализирани забави... и тоа само додека се тие танци во мода... а модата се менува многу нагло и брзо.

Ние имаме многу подобро решение... нема зашто да бираш меѓу досада и неубаво играње

Ние користиме специјален систем кој е дизајниран и се применува во најуспешните танцови студија на светот. Со овој систем на секој час учиш нешто ново и интересно, а пак ќе научиш да го играш секој чекор и секое движење на поубав начин.

Ќе ти покажеме како истото движење да го играш на различна музика. Ќе го учиш истиот чекор, но секој пат во различен стил и на различна музика. Така можеш да го вежбаш секое движење на различни типови музика, и со тоа го вежбаш многу почесто, а никогаш не ти здосадува.

Зашто да го повторуваш истиот чекор 1000 пати на една те иста музика? 

Наместо 1000 пати да го повторуваш во салса... (тоа се вика "играње салса")... ќе го научиш истиот чекор во "друг танц" - на пример танц што се игра на романтични песни. Па така ќе можеш да заиграш кога ќе пуштат некоја романтична песна на свадба. Наместо да седиш на страна и да гледаш...

Потоа ќе го научиш како се игра истиот чекор на рокенрол музика... и ете сега знаеш "нов танц"... иако реално го играш истиот чекор и го правиш истото движење.

Потоа ќе го научиш истото движење на популарна музика, и сите заедно ќе го играме на некоја од хит песните што сега одат на радио... И ете, знаеш "уште еден танц"... Иако го играш истото движење и истиот чекор...

На овој начин ти можеш да го играш чекорот доволно пати да изгледа доволно убаво и мазно... 

...но нема да имаш чуство дека го играш истото, бидејќи играш на различни типови музика и играш "различни танци". Нема да познаат ни твоите пријатели кои не ја знаат тајната. 

И тие ќе мислат дека играш 100 различни работи на 10 типови музика... иако реално (на пример) играш само 20 чекори во различна варијанта. Тоа е целта на нашите почетни курсеви. Не мораш да го жртвуваш квалитетот, можеш да научиш да играш убаво и правилно, а пак да ти биде забавно и интересно.

Но не ја игнорираме модата комплетно...

Во моментов во мода се Salsa и Bachata, па затоа на почетниот курс 60-70% од времето играме на Salsa и Бачата музика. А остатокот од времето учиме основа за другите танци. Плус, учиме специјална тајна за префрлање, односно како било која комбинација од еден танц, да можеш да ја изиграш во било кој друг танц.

- Бидејќи танцот бачата е најлесниот од сите латино танци, ќе успееме да научиме голем број на комбинации кои што можеш да ги играш во бачата форма веднаш. 

- Бидејќи танцот салса е малку потежок, до крајот на курсот ќе стигнеме да ги извежбаме само дел од комбинациите да ги играме и во салса форма

- А во останатите танци ќе научиме правилна основа, плус ќе научиме како може да се префрлаат комбинациите и чекорите. На пример, секоја почетна бачата/салса комбинација може да се игра и во ChaCha или Hustle или Swing или Rock 'n' Roll форма. 

- Нема да стигнеме да ги извежбаме сите комбинации во овие други танци до крајот на курсот, но ќе поставиш одлична основа со која многу набргу ќе успееш да ги играш сите комбинации во сите танци. Треба само вежбање.

Значи на крајот на почетното ниво:

    - Ќе играш повеќе интересни комбинации на Salsa & Bachata музика

    - Ќе знаеш како да ја земеш било која од овие комбинации и да ја играш во друг танц (6 други танци)

    - Бидејќи курсот трае 12 недели, нема да стигнеме сите комбинации да ги извежбаме во сите танци до крај на курсот

    - Но доколку продолжиш со вежбање за само неколку кратки недели по завршување на курсот ќе ги играш сите комбинации во сите други танци без проблем

            -- Тоа можеш да го направиш со запишување на додатен курс или курс од повисоко ниво.

            -- Но можеш и да ги довежбаш сам/а по забави или по дома. Ние ќе ти го дадеме знаењето и основата со кое можеш сам/а да вежбаш

А понатаму веќе ќе имаш и опција за специјализирани часови:

На кое и да стигнеш ниво, секогаш ќе имаш главни часови што се со мешана програма. Но покрај главните часови, имаме и додатни термини што се посветени на одредена тематика.

- Имаме редовен додатен термин за Салса и Бачата

- Повремено организираме и специјализирани посебни додатни часови за Танго

- Повремено организираме посебни додатни часови за други тематики

Ваквите часови се секогаш додатни, односно треба да ги посетуваш главните часови, а тематските часови можеш да ги земаш како додаток.