Иако изгледа како едноставно прашање... кога некој ќе праша "А колку степени да си планирам за да научам се", одговорот е малку посложен... Зависи за што прашуваме.
- Колку степени додека да научиш да играш ок за на забава во Скопје и да ги знаеш сите основни работи?
- Колку степени додека да знаеш 90% од работите што се играат во Скопје?
- Колку степени да научиш 100% од работите што се играат на секоја забава во Скопје?
- Колку степени додека да научиш да играш како најдобрите на најпопуларните забави во ЊуЈорк и Лондон?
- Колку степени додека да научиш да играш она што го играат професионалците на светско првенство?
Повисоки степени ќе има се додека има заинтересирани да учат повисоко ниво. Ако сите луѓе што завршиле степен 8 сакаат да научат повисоко ниво во танцот, ќе се формира курс за 9ти степен.
Доколку прашуваш за рекреативно играње на најпопуларните друштвени танци ...
- За тие танци може да се совлада се што воопшто некогаш ќе видиш на забава во Македонија за 5-6 степени.
Ова е ако сакаш да знаеш буквално све, дури и тоа што го играат само најискусните. Имај предвид дека тоа се само 5% од танчерите во градов. Ова ниво ти треба само ако сакаш да ги научиш и тие работи што ги знаат само 5% од луѓето во градов.
- Ако сакаш да знаеш буквално се што го играат најискусните на друштвени забави во ЊуЈорк или Париз... во тој случај треба да поминеш едно 8-10 степени.
- А доколку имаш поскромна цел и сакаш да го совладаш само она што ти треба да имаш забавно играње со сите луѓе во Македонија, доволно се 3 степени. Со ова ќе научиш 90% од работите што воопшто можеш да ги видиш на забава во земјава.
Единствено нема да знаеш само некои понапредни работи што ионака ретко кој ги знае во Македонија (само најискусните 5%, а тоа се мал број на луѓе). Доколку се случи да ги гледаш тие неколку поискусни како играат нешто понапредно, и навистина навистина сакаш да го знаеш и ти... секако ќе можеш подоцна да запишеш повисоко ниво да ги донаучиш и тие работи.
Ако сакаш да ја знаеш само апсолутната основа и да научиш само почетно ниво во танцот, доволно ти е само првиот степен. Со ова ќе можеш да се дружиш и играш со сите почетници без проблем. Исто така, и дел од поискусните немаат проблем да играат почетни работи со почетник.