Во Сакам Танц имаме 2 главни поделби
- Детски групи
- Рекреативни групи и настани
Рекреативните групи се делат на две категории
- Млади (16-29)
- Возрасни (над 30 години)
Нема потреба да ги прашувате следниве прашања:
- Дали смеам да дојдам ако имам xyz години, да не сум престар/а?
- Колку луѓе ќе има што се баш на мојата возраст?
Има луѓе од сите возрасни категории, а групите во танц се формираат како што се пријавуваат луѓето. Не може никој да ви гарантира точно колкава бројка луѓе ќе има што се точно на вашата идентична возраст.
Доколку ви е срам да групата испадне со премногу луѓе од различна возраст и дека ќе се истакнувате, имајте предвид три работи:
- Прво, тоа не се случува, повеќето луѓе доаѓаат да научат да танцуваат, а не да судат нечива возраст. Секој се гледа себеси, а не другите во групата. Нормални луѓе немаат проблем да играат со луѓе од различна возраст.
- Второ, и да се појави таква осудувачка и разгалена особа која сака да игра само со луѓе што се точно на иста возраст како нив, наскоро ќе ги снема од часовите зашто никој не ги сака таквите луѓе и ќе го осетат тоа.
- Трето, имајте предвид дека нудиме и индивидуални и приватни часови. Многу луѓе ја бираат оваа опција ако сакаат да научат во комфорна средина каде што не мора да се споредуваат со други луѓе во групата.
Воедно земете го предвид фактот дека часовите не се забава туку форма на едукација:
На часови одиме да научиме да играме, а тоа може да го направиме со партнери од различни возрасти. Кога веќе одиме на танцови забави по градот, тогаш веќе можете да се поделите, дружите и да каните луѓе што се на точната возраст што ја преферирате. Ако сте од оние луѓе што им прави тоа некаква разлика и мислат дека треба да играат строго со 40 годишни, ама не можат со 35 годишни.
Ама мора ли да одам баш на настанот за мојата категорија?
Поделбата не е строга, и тие што се на граница често ќе изберат да одат повисока или пониска категорија. Пример некој од 31 година може да се пријави на настанот за млади (под 30).
Впрочем секој возрасен може да дојде на било кој од настаните што не се за деца. Поделбата е за ваш комфор. Но речиси сите се пријавуваат да одат на настан "предвиден за" луѓе од нивната категорија.