Користиме систем на резервација зашто имаме за цел да овозможиме максимално комфорна и забавна атмосфера.
- Тоа значи дека бројката на луѓе треба да е соодветна (не премногу, не премалку)
- Соодносот на партнери и партнерки треба да е добар (по можност идентичен)
- Плус поради барење од повозрасните организираме посебни термини за секоја старосна група
Користиме систем на формална резервација (врзан за e-mail адреса, една адреса, една резервација)
Ова е за ваш комфор, за да можеме да ви пружиме најдобро можно искуство.
Системот на резервација овозможува релативно добро планирање. Речиси сите што ќе се пријават преку овој систем или ќе се појават, или ќе не информираат ако не успеат да стигнат.
Така можеме да планираме се, од бројот на демонстратори и демонстраторки, просечната возраст за секој настан, па се до тоа ако треба да пишеме на некој што чека да се ослободи место.
Ама зашто не може сеа пријателката моја да ја допишеме (или дечкото, или ќерката), мора ли сами да се пријават? Јас се пријавив и резервирав... нели е тоа доволно?
Не можеме да прифатиме пријава во туѓо име. Секој што сака да присустува треба да резервира, и тоа самиот, во свое име. Ова е затоа што имаме многу години искуство со организирање вакви настани, и знаеме дека секогаш настанува проблем доколку постои опција да може да се пријавува во туѓо име.
Се случува да резервира едно лице, да побара да се допишат уште 2-3 лица без никаква потврда од тие лица дека навистина сакаат да дојдат. Ако има 2-3 такви групи на неформалнопријавени луѓе за еден настан, може да се случи да пропадне целиот настан бидејќи тие луѓе може да не се појават (редовно се случува со тие што не се пријавиле лично). Па така сите ќе дојдеме во полупразна просторија, а тоа воопшто не е забавно.
Обратен проблем се случува ако се дозволува носење пријатели без најава и формална пријава. Може да се преполни просторијата, и да биде физички некомфорно и речиси невозможно да се танцува. Ова се случува речиси секогаш кога не користиме систем на резервација.
Ама мора ли да резервирам место? Не ли може само да поминам кога ми е успат?
Не морате. Има преку 20 школи за танц во македонија. Само две од нив имаат организиран и професионален систем за регистрација и планирање на бројот, возраста и типот на партнери и партнерки во просторијата, плус бројот на демонстратори и демонстраторки кои ви помагаат.
Во сите други школи можеш да влеташ кога сакаш без најава. Но затоа на тие места секогаш ќе биде или гужва или празно, и најчесто треба да чекаш по 15 минути на ред да играш со партнер (бидејќи не ја планираат бројката и соодносот на машки и женски). Нема план ниту за возраста на пријавените.
Од двете школи што имаат организиран систем за резервација, ние сме единствената со бесплатни настани.
Ама зашто морам да оставам податоци?
Организираме настани веќе 10 години и го имаме пробано секој можен начин на организација. Без систем на резервација настаните се хаос и неорганизирани.
Го имаме тестирано и секој можен начин на резервација. Ова е единствениот начин кој што гарантира дека сите пријавени ќе се појават или барем ќе откажат на време (за да можеме да ги замениме со некој што чека место).
Доколку имате идеја за подобар систем, слободно предложете ни го, и ќе го пробаме (ако не сме го пробале веќе во претходните 10 години).