Бесплатниот вовед е дизајниран за луѓе кои никогаш во животот не пробале да играат. Се учи само апсолутна основа на танцот (како се прават чекори, како се фаќа ритам итн)

- Инструкторот потоа бира 4 танци како пример. Ги бира танците на лице место зависно од потребите на луѓето во просторијата. Целта е да се совлада основата на 4 типови различна музика.

- На едновечерниот вовед најчесто се учат полесните модерни танци како салса, хасл, меренге и бачата. Но ако е група што фаќа побрзо може да биде и нешто како валцер или румба.

- А за тие што ќе продолжат (кога има некогаш во иднина) редовни часови за оваа возраст ќе се учат сите танци што се играат во пар. Од чачача до валцер, од румба до самба, од танго до рокенрол.