Ова зависи од возраста.
- За децата под 7 години имаме наједноставен систем со 2 пати неделно.
- За децата над 7 години имаме специјален 2 (+1) систем
Предноста на 2+1 системот е што овозможува максимална флексибилност
Некои деца во танцот се помотивирани и сакаат да го практикуваат посериозно, некои го гледаат како разонода. Кај некои пак зависи од неделата и периодот. Колку обврски имаат на школо и слично.
Затоа за децата имаме 2 главни часа преку неделата, и еден бонус час преку викенд. Овој бонус трет час преку викенди е опционален.
Двата главни часови преку неделата се со инструкторките кои ги водат детските групи. Бонус викенд часовите се со главниот директор на програмата - Роланд Паради.